Утрински Весник
Свет

(Видео) Турската полиција со солзавец ја растури Парадата на гордоста во Истанбул

(Видео) Турската полиција со солзавец ја растури Парадата на гордоста во Истанбул

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул, а околу 20 лица, вклучително и фоторепортери, се приведени, јавија локалните медиуми.

„Ројтерс“ извести дека постојат снимки на кои се гледа како полицијата под целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножито, додека се собирале за настанот на споредната улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Турција е кандидат за влез во Европската унија веќе подолго време, но процесот на пристапување забавува со години поради напнатоста по низа прашања, вклучително и човековите права.

Во заедничкото писмо во четвртокот, повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата кон ЛГБТ заедницата, во екот на жестоката јавна дебата во Унгарија, чиј парламент минатата недела забрани по училиштата да дистрибуира материјал и содржини кои промовираат хомосексуалност или промена на полот.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа