Утрински Весник
Магазин

(Видео) Трејлер за новиот филм „Ѓавол засекогаш“

(Видео) Трејлер за новиот филм „Ѓавол засекогаш“

„Ѓавол засекогаш“, драматичен трилер, кој премиерно ќе се емитува на „Нетфликс“ следниот месец, објави низа оригинални слајдови со главните протагонисти во филмот.

Дејството на филмот е поставено во Охајо во периодот помеѓу Втората светска војна и Виетнамската војна, а во него глумат Роберт Патинсон, Том Холанд, Бил Скарсгард, Рајли Коф и Себастијан Стен.

Според веб-страницата „Ај-ем-ди“, филмот „Ѓавол засекогаш“ (The Devil All the Time), во режија на Антонио Кампос, е драматична сторија која следи бизарни, уверливи и ментално вознемирени луѓе што страдаат од трауми предизвикани од ужасите на војната.

https://www.youtube.com/watch?v=r8pjLYRrDPE

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година