Додека се подготвуваше да ја удри топката на теренот за голф, играч кој беше со Доналд Трамп го претстави како 45-ти претседател на САД, додека Трамп самоуверено одговори со „45-тиот и 47-от претседател“ пред да замавне со палката.
Овој видео клип кој се појави на интернет е потсетување дека поранешниот претседател има намера да се кандидира за претседател во 2024 година, пренесува агенцијата АП.
https://www.youtube.com/watch?v=Pr3yD4fODv4
Новата анкета покажува дека речиси тесно мнозинство републиканци, 56 отсто, сакаат да го видат Трамп како претседателски кандидат на изборите во 2024 година, додека 44 отсто се против.