Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп одржа говор од балконот на Белата куќа – Се чувствувам прекрасно

(Видео) Трамп одржа говор од балконот на Белата куќа – Се чувствувам прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор од балконот на Белата куќа. Ова е негов прв јавен говор по заразата со коронавирус.

Тој најпрво им се заблагодари на своите приврзаници за пораките за неговото здравје. Им кажа дека се чувствува прекрасно и дека веќе не зема лекови.

Најави дека вакцината против Ковид-19 ќе биде готова многу, многу наскоро.

„ Американската наука и медицина ќе го искоренат кинескиот вирус“, рече претседателот Трамп.

Собирот во Белата куќа делумно е организиран од фондацијата наречена „Блексит“, која има за цел да ги натера црните и латино-гласачи да ја поддржат републиканската партија.

Програмата на неговиот противник во трката за претседател, ја нарече социјалистичка. Трамп вели дека има поддршка од силите за безбедност во целата земја.

Трамп го повтори претходното тврдење дека тој направил повеќе за црната заедница од кој било претседател уште од Абрахам Линколн.

Во говорот истакна дека веќе го започнал економското закрепнување на земјата.

Порача дека планира да присуствува на „големиот митинг“ на Флорида.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа