Утрински Весник
Свет

(Видео) Тепачка во авион, жена одбила да стави маска

(Видео) Тепачка во авион, жена одбила да стави маска

Жена е приведена за предизвикување тепачка во авион за време на лет на „Спирит ерлајнс“, која започнала зошто таа одбила да стави заштитна маска.

Еден од патниците снимил видео на кое се гледа жената како вреска кон маж во бела маица.

Инцидентот се случил во авион кој слетал во Сан Хуан, Порторико. На видеото се гледа како жената носи заштитна маска но спуштена под брадата, па друг патник ја предупреди да ја стави маската над носот и устата.

Таа бесно се упати кон него, но екипажот и останатите патници, ја спречија. Жената не се смири и се обиде физички да се пресмета со човекот кој ја предупреди правилно да ја стави маската.

На Твитер профилот имаше дебата за корисникот кој го објави видеото, а како што пишува, очевидец на целата ситуација објаснил дека жената турист во авионот била истепана и малтретирана пред таа да удри некого.

Екипажот на авионот повикал полиција, која ја уапсила бунтовничката, а медиумите пишуваат дека таа ја минала ноќта во затвор.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж починал на лет од Истанбул кон Сан Франциско- телото мистериозно исчезнало

Нова трагедија на Крит: Девојче се задави со суфлаки

Во Газа досега загинаа 232 новинари