Утрински Весник
Свет

(Видео) Тачи: Поднесувам оставка за да се сочува интегритетот на Косово

(Видео) Тачи: Поднесувам оставка за да се сочува интегритетот на Косово

Специјалниот суд во Хаг го потврди обвинението против Хашим Тачи. Ова го потврди косовскиот претседател на прес-конференција во Приштина.

„Со цел да се заштити интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денеска поднесувам оставка како претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја имав. Во овие нови околности, ги повикувам политичките сили да внимаваат да не навлегуваат во скапа или институционална криза. Земјата нема време да изгуби, да ја одржи смиреноста“, рече Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи и уште девет други поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалниот обвинителство во Хаг. За потсетување, обвинението против Тачи, Весеj и девет припадници на ОВК беше поднесено од Специјализираното обвинителство до Специјализираните совети на Косово на 24 април, а шестмесечниот рок за негова потврда истече на 24 октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда