Утрински Весник
Свет

(Видео) Талибанците им се потсмеваат на САД – ги носат нивните униформи и оружјето

(Видео) Талибанците им се потсмеваат на САД – ги носат нивните униформи и оружјето

По брзото освојување на Кабул и американските обиди за повлекување од Авганистан, талибанските лидери и борци сега ги исмејуваат САД. Тие позираат во нови униформи, кои ѝ беа донирани на авганистанската армија, со цело американско оружје, објави „Њујорк пост“.

Халил Хакани, за кого беше најавена награда од пет милиони долари, е фотографиран како им проповеда на своите следбеници во џамијата со американска автоматска пушка, а околу него има луѓе во американска воена униформа.

Хакани, чиј братучед Сираџудин Хакани е кандидат за нов претседател, носеше американска пушка М4, која е стандардна во американската армија.

Околу него, неговото обезбедување носи слично оружје и униформи на американската армија.

„Њујорк пост“ додава дека вооружена група верници може да биде вознемирувачки доказ за тоа колку американско оружје е земено од исламските милитанти откако ја презедоа власта.

САД обезбедија оружје и воена опрема во вредност од 28 милијарди долари за авганистанската армија помеѓу 2002 и 2017 година.

Можете да прочитате

Маж застрелан во Аризона за време на инцидент со гранична патрола

Вашингтон разгледува можен воен удар врз Иран

Трамп гледа напредок во дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина