Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талески: Наместо проекти, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните

„Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, 10 месеци не работат ништо освен што парите на граѓаните ги трошат на луксуз и партиски вработувања. Наместо поддршка кон граѓаните, во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дополнително удираат по стандардот на семејствата преку покачување на комуналните услуги“ рече на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека „додека цените на услугите растат, во исто време гледаме како јавните претпријатија раководени од кадри од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри“.

„Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека глумат загриженост за економскиот стандард нивни функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните“ смета Талески.

Можете да прочитате

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Почина Владимир Бошковски, долгогодишен професор на Архитектонскиот факултет

Министерството за спорт ќе биде главен покровител на големиот спектакл во ММА борби во Скопје