Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талески: ВМРО-ДПМНЕ блокира закони што се во интерес на граѓаните

(Видео) Талески: ВМРО-ДПМНЕ блокира закони што се во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ го блокира секој закон, без разлика за каков закон станува збор. Ова го истакна Миле Талески, пратеник на СДСМ, прашан зошто се инсистира на носење на Законот за спорот меѓу Владата и Макпетрол.

Тој вели дека не се брза со носење на овој закон, туку во конкретниот случај станува збор за редовна постапка со којшто  пратениците имаат обврска да ги реализираат сите проекти коишто се претходно почнати.

„Очигледно деструктивното однесување на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во секој поглед со нивното функционирање во Собранието, тоа го покажа и со самиот факт што претходно на ребалансот а сега и на буџетот имаше сериозни ситуации во којшто ВМРО-ДПМНЕ ги доведе граѓаните да биде ставена нивната иднина. Го блокираат Законот за внатрешни работи со над 500 амандмани, ги блокираат сите оние реформски закони којшто се во правец на подобрување на животот и стандардот на граѓаните“, смета Талески.

Утрово по повеќе од дваесет часа, Собранието ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје.

Законското решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Опозицијата смета дека предложеното законско решение ги прекршува правните начела и не може да има закон за спор кој се решава со медијација и во судовите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме