Утрински Весник
Македонија

(Видео) Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е против тутунарите, блокира закон за субвенции

Dik 300x250 mk

Блокирање на Законите кои се од витален интерес за граѓаните е начинот со кој Мицкоски се обидува да го покрие неуспехот од 6-месеченото владеење на неговите градоначалници, рече на денешата прес-конфренција, пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

Како што кажа тој, веќе трет месец претседателот на собраниската Комисија за земјоделие, Љупчо Димоски, одбива да ги стави на разгледување измените на Законот за земјоделство и руруален развој, кои ги доставиле пратениците од СДСМ и коалицијата.

„Со предлог измените на Законот треба да се отстранат административните пречки за исплата на субвенциите за земјоделците.

Односно, се отстранува дополнителниот услов кој се провлекува дури од 2015 година, а според кој за да ја искористат државната финансиска поддршка, земјоделците треба да ги имаат платено даноците и придонеси за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Со блокадата на измените, Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот министер за земјоделие Љупчо Димоски, им нанесуваат директна штета на тутунарите“, посочи Талевски.

Можете да прочитате

Избрани нови членови на МАНУ

Хаос во Тетово: Дете заврши во болница, лице го удрило со тврд предмет

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената