Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноска: Денес имаме предлог за влада од два пати аболиран мандатар

(Видео) Стојаноска: Денес имаме предлог за влада од два пати аболиран мандатар

Дафина Стојаноска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница потсети дека предлогот за нова влада доаѓа од два пати аболициран мандатар кој минатиот мандат ништо не реализирал, како и тоа дека кризата дошла со Заев и со него не можеме да излеземе од истата. Стојаноска потсети дека претседателот Пендаровски рекол дека нема да доделува мандат на лица кои што имале афери , ниту пак ќе подржи лица со афери да бидат дел од новата влада, но сето ова се поби и се постапи сосема спротивно, што не е за изненадување“, вели Стојаноска.

„Оваа влада е предлог на Зоран Заев, а со името на Заев доаѓа кризата, со него влеговме во неа и со него не можеме да излеземе од неа“, вели Стојаноска.

Стојаноска критикуваше дека претходниот мандат на Заев се состоеше во три фази, од промена на името, кое се додека не го сменија насилно и противуставно се правдаа дека не можат ништо друго да сработат, втората фаза беше Рекетот, од кој половина година беше местење на жртви и штитење на криминалот, и третата фаза беа изборите, и коронакризата, преку кои се извлекоа од се што им остана нереализирано.

„Буквално ништо не се реализираше, нема 500 евра плата, ниту 100 илјади денари плата за докторите, ниту нов Клинички центар, ниту болница во Штип, ниту бесплатно болничко лекување, ниту 500 километри нови автопати, ниту во 2019 година која беше прогласена за година на економијата, нешто се сработи за економијата, затоа термините од Заев на вчерашното експозе како обединети во различностите, образ, нова енергија, решителност и нова македонска економија не соодвествуваат со неговиот лик и со неговиот минат труд“, порача Стојаноска од собраниската говорница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Министерката Кочовска ги омаловажи сите вработени во институциите

Реакција на ТАВ за инцидентот на скопскиот аеродром

МВР со детали: Обезбедувањето на Гаши се заканувало на вработени во ТАВ и турнал полицаец