Утрински Весник
Македонија

(Видео) Столтенберг: Северна Македонија е важен сојузник на НАТО

Нова рунда разговори меѓу Грција и Турција во НАТО, Столтенберг се надева на решавање на проблемите

Северна Македонија е важен сојузник на НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по повод една година од членството на земјата во НАТО.

Во видео обраќање по тој повод, Столтенберг вели дека Северна Македонија е суверена земја која има свое место во Алијансата.

„Честитки уште еднаш на Северна Македонија за успешната прва година. Ви благодариме за континуираниот придонес на нашата заедничка безбедност. Ѝ благодариме на Канцеларијата за врски на НАТО за целата нивна помош и поддршка низ годините. Заедно стоиме, 30 сојузници на број. Заедно продолжуваме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани“, вели Столтенберг.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија