Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Стоилковски: Шилегов плаќал по 50.000 денари месечно за правни совети од неговата адвокатска фирма

(Видео) Стоилковски: Шилегов плаќал по 50.000 денари месечно за правни совети од неговата адвокатска фирма

 

Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи сам на себе, обвини на денешната прес-конференција, прортпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи“, посочи Стоилковски.

Според партискиот портпарол, Шилегов за тоа си исплаќал по 50.000 денари месечно.

„Или во просек, Шилегов си потпишува консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра годишно. И тоа Шилегов го прави со години. Ова е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција“, обвини Стоилковски и додаде дека градоначалникот мора да ги врати сите пари подигнати од буџетот на име консултации од сам себе, за конечно, како што рече, часовникот за криминал и корупција да заврти во спротивна насока.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт