Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Стоилковски: Ковачевски и Маричиќ го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет

(Видео) Стоилковски: Ковачевски и Маричиќ го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет
300x250 opst2

Согласно владиниот став искажан од Бојан Маричиќ очекуваме денеска во владата да биде искажан совет до бугарскиот премиер дека не е работа на Бугарија да, цитирам „да кажува каде какво малцинство има во регионот“, и дека „тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ Маричиќ и Ковачевски од една страна се оградуваат од Македонците во Бугарија, велат дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а истовремено виткаат кичма пред диктатот на Софија за промена на македонскиот Устав, отворање на преамбулата.

Второ и многу важно, е Маричиќ и Ковачевски да кажат дали прифатиле Анекс договор којшто ќе ги преформулира членовите на Договорот за добрососедство, согласно коишто би се променила улогата, формата и целите на комисијата за историски прашања. Маричиќ јасно посочува „нова форма“ и го поставува прашањето дали таа комисија воопшто ќе егзистира, и во која форма“. Ова почитувани може да значи само едно, а тоа е промена, односно Анекс на договорот, за којшто Владата крие и молчи“ рече Стоилковски.

Тој обвини дека пиуните на Заевизмот од прв ден ги нарушиле позициите на Македонија. Според него, Маричиќ и Ковачевски продолжуваат со националните понижувања, што, како што рече, биле одлика на Зоран Заев.

„ Пиуните на Заев, и Ковачевски и Маричиќ, го газат начелото за меѓусебно почитување и реципроцитет, како основа за добри меѓусоседски односи. Срамно и недостоинствено е однесувањето на потпретседател на Влада кое што преставува и континуитет на срамните политики на заевизмот. Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, и затоа што поскоро мора да биде поразен на избори“ заклучи Стоилковски.

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремен локален дожд

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини