Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Инфлацијата го јаде лебот на народот, а власта троши милиони евра за автомобили

Македонија тоне во катастрофа, инфлацијата го јаде лебот на народот, а СДСМ и ДУИ наместо реални антикризни мерки трошaт пет милиони евра за службени автомобили, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Неодговорноста и криминогеноста на власта ја потврдува и девастирачкиот факт дека во време на најголема смртност заради ненавремено обезбедување на вакцини за корона, скок на сметките на струја заради домашната енергетска катастрофа, во време егзодус од 215.000 работоспособни лица од Македонија и во време на најголемата економска катастрофа, двоцифрена инфлација, функционерите на СДСМ и ДУИ делат пет милиони евра од буџетот за луксузи за службени возила“, нагласи Стоилковски, додавајќи дека ваквото однесување на власта ги преминало сите граници.

Партискиот портпарол воедно упати повик до граѓаните да се придружат на протестот за промени, најавен за 18. јуни во 20 часот пред Владата.

Можете да прочитате

Почина професорот и дипломат Јован Донев

Нестабилно попладне во Македонија: Пороен дожд и грмежи во повеќе региони

Барутана без важечки ДУП – жителите бараат основни услови за живот, новиот план носи 33% помалку градба