Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Александар Василевски-Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување

(Видео) Стоилковски: Александар Василевски-Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување

Режимот на СДСМ/ДУИ пресуди над 200 години затвор заради изјавата на Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој посочи дека Нинџа е помилуван од Пендаровски, на предлог на Маричиќ и на Заев.

„Изјавите на Василевски Нинџа беа клучен и наводно несоборлив доказ за обвинителството и за судот за спроведување на политички прогон. И тоа беше улогата и употребната вредност на Александар Василевски-Нинџа. Луѓе се затворени на над 200 години затвор врз основа на изјава на Нинџа, крунскиот сведок за политичките кариери на Русковска и Кацарска, а Нинџа осуден за тероризам е на чекор до ослободување“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека Василевски има најмала пресуда и постојано користи и право на викенди.

Можете да прочитате

Нови дождови доаѓаат во Македонија, ќе наврнат над 50 литри дожд

Камерите почнуваат да снимаат и возачи, а нови патролни возила ќе го детектираат хаосот од паркирање во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје