Утрински Весник
Свет

(Видео) Спречен терористички напад во Будимпешта

(Видео) Спречен терористички напад во Будимпешта

Унгарската антитерористичка единица уапси човек осомничен дека планирал да постави експлозивна направа во „Арената Пушкаш“ во Будимпешта.

Шефот на антитерористичката единица, Јанош Хајду, за телевизијата АТВ изјави дека го следеле осомничениот повеќе од еден месец, ккао и дека за нападот и набавката на експлозивот тој разговарал со истомисленици преку интернет.

Хајду исто така рекол дека за време на истрагата за начинот на кој овој унгарски државјанин се радикализирал, тој положил заклетва пред Исламската држава и планирал напад.

Унгарските медиуми наведуваат дека уапсениот планирал да активира експлозив за време на натпревар во „Арената Пушкаш“ со капацитет од 70.000 гледачи.

Исто така, имало и план да влета со автомобил во толпа минувачи.

Можете да прочитате

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

Над 100 луѓе евакуирани од швајцарските Алпи поради опасност од одрони

Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим