Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски во Делчево: Како во НАТО, така и во ЕУ ќе влеземе како Македонци со македонски јазик и идентитет

(Видео) Спасовски во Делчево: Како во НАТО, така и во ЕУ ќе влеземе како Македонци со македонски јазик и идентитет
Dik 300x250 mk

Уште во првите денови од мандатот, јасно ги поставивме нашите цели кои за овие четири години во целост ги реализиравме, посочи вечерва потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Делчево.

„ Го воспоставивме концептот едно општество за сите, и тука не мислиме на тоа кој на која вера или нација припаѓа, туку говориме за подеднаков пристап до институциите, и оние кои живеат во селата и градовите и оние кои се со основно и оние со високо образование, и за младите и за повозрасните, порача Спасовски.

Тој посочи дека токму оваа Влада ја реализираше една од двете стратешки цели а тоа е влезот во НАТО со заштитен македонски јазик и идентитет.

„ Денес ние го живееме сонот на нашите претци, живееме во самостојна, слободна и демократска држава. Станавме 30 земја членка на НАТО, дел сме од најмоќниот воено-политички сојуз. Во НАТО влеговме како Македонци, со македонски јазик и идентитет. Да знаете дека сега се мотивирани како никогаш претходно, и покрај сите блокади и удари кои ни ги нанесуваат, како Влада преземаме одговорност, дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и ќе влеземе во ЕУ како Македонци, со македонски идентитет и со македонски јазик. Од тоа не отстапуваме истакна Спасовски.

Можете да прочитате

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово

Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница