Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасено куче од шахта, кое се заплеткало во кабли за струја и ги изгризало

(Видео) Спасено куче од шахта, кое се заплеткало во кабли за струја и ги изгризало

Спасено е куче кое било фрлено во шахта во близина на хотелот „Континентал“. Дојавата за кучето била од МВР до ЈП Лајка, кои алармирале дека кучето ги изгризало каблите во шахтата, порди што полициската станица Гази Баба, немала струја.

Од „Лајка“ испратија ветеринар на терен, кој го извлече кучето од шахтата, кое било со ланец замотано во кабли.

„ По прегледот во ветеринарната служба на ЈП „Лајка“ и тестирањето на кучето е констатирано дека нема видливи повреди и е позитивно на ерлихија. Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња“ соопштија од „Лајка“.

Можете да прочитате

Ивана имаше модринки по телото, а за деталите за тепањето дознав од внуката Катја, сведочеше мајката на Ивана

Филипче: ЕУ е национален интерес – не сакаме децениска изолација

Љутков: Спомен-домот на Разловечкото востание се подготвува за големиот јубилеј