Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Снежно невреме во САД – затворени училишта, откажани летови, прекин на струјата

(Видео) Снежно невреме во САД – затворени училишта, откажани летови, прекин на струјата
300x250 opst2

Зимската бура донесе обилни снежни врнежи проследени со силен ветер во поголемиот дел од источниот брег и југоисточниот и централниот дел на САД.

Според тамошните медиуми, поради тоа федералните служби и училиштата морале да ја прекинат работата, а доцнеле летовите и дошло до прекин на електричната енергија за голем број домаќинства.

Националната метеоролошка служба објави 12 до 25 сантиметри снег и ветрови до 64 километри на час за време на првата снежна бура во тој дел на Америка оваа сезона, пренесува „Ројтерс“.

Предупредување за снежна бура е издадено во сите држави од Јужна и Северна Каролина до Њу Џерси. Националната метеоролошка служба извести дека во главниот град Вашингтон паднале 21,59 сантиметри снег, во Источен Тенеси 22,86 сантиметри, во Вирџинија 37 сантиметри и во Мериленд 39,37 сантиметри.

„ Кога зборуваме за многу населени области, зголемениот снег станува проблем“, рече Остин Менсфилд, метеоролог во Националната служба, кој рече дека зимската бура се намалува.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари