Утрински Весник
Свет

(Видео) Снежно невреме во САД, верижни судири на автомобили, има загинати

(Видео) Снежно невреме во САД, верижни судири на автомобили, има загинати

Североистокот на САД беше погоден од силна снежна бура, а беа издадени предупредувања за 14 држави. На удар се повеќе од 60 милиони луѓе, пренесува „Би-би-си“.

Над половина метар снег се очекува во делови на Пенсилванија и Њујорк.

Националната метеоролошка служба предупреди дека ќе биде опасно, ако не и невозможно, да се патува во најтешко погодените делови, а можен е и прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Во некои области, снег ќе паѓа колку што паднал во текот на ланската зима.

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пенсилванија во која учествуваа меѓу 30 и 60 автомобили. Во Њујорк дошло до судир на 27 возила при што биле повредени шест лица.

Метеоролозите бурата ја нарекоа бура на деценијата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полицијата изврши упад во седиштето на Социјалистичката партија во Мадрид

Израел уби командант на Хамас во Газа кој беше назначен пред неколку дена

Рекорден топлотен бран ја погоди Европа, научниците се шокирани