Утрински Весник
Свет

(Видео) Силно невреме во регионот – поплавени улици во Загреб и Сараево

(Видео) Силно невреме во регионот – поплавени улици во Загреб и Сараево
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хрватската престолнина Загреб и околните области денеска беа погодени од најавениот силен дожд, што предизвика проблеми во источниот дел на градот, Дуго Село и неговата околина.

„Обилниот дожд, кој започна од 13 часот, предизвика проблеми во источниот дел на Загреб, Дуго Село и околината. Има поплавување на патишта и подруми, а има и неколку извештаи за паднати дрвја на патишта, врз паркирани возила и објекти“, се наведува на фејсбук-профилот на тамошната Дирекција за цивилна заштита.

Тие додаваат дека окружниот центар 112 Загреб примил околу 50 повици од граѓани кои барале интервенција од пожарникари и комуналните служби.

Обилен дожд попладнево го зафати и поголемиот дел од Босна и Херцеговина, а некои патишта во Сараево, особено подвозниците, биле поплавени.

Невремето придружено со силен дожд и ветер им создало проблеми на возачите, пренесува порталот „Кликс“.

Според метеоролозите, во БиХ се очекуваат врнежи и во наредните денови.

Издаден е жолт метеоролошки аларм за целата земја.

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски