Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Силна бура усмрти човек, ново невреме ја погоди Сицилија

(Видео) Силна бура усмрти човек, ново невреме ја погоди Сицилија
Img 7972

Вител од ветер рано утринава усмрти маж на југот на Сицилија и оштети бројни имоти, додека обилните дождови ги поплавија улиците и ги принудија властите да ги затворат училиштата, пишуваат медиумите во таа земја.

Ова е втор пат за само еден месец екстремно лошо време да го погоди овој медитерански остров, по реткиот ураган што кон крајот на октомври погоди делови од западна Сицилија, јавуваат агенциите.

https://www.youtube.com/watch?v=v9jMwyiEOJQ

50-годишен маж загинал од силниот ветер додека ја напуштал својата куќа во близина на Рагуза рано изутрината, соопшти локалната служба за цивилна заштита, а фотографиите од тоа подрачје покажуваат дека ветрот превртел комбе и разнел прозорци во многу куќи.

Од утрово ширум регионот дуваат силни ветрови, а обилните дождови предизвикаа поројни поплави во повеќе градови.

Во август, Сицилија ја регистрираше највисоката температура досега забележана во Европа од дури 48,8 степени Целзиусови, а локалните власти потврдија дека температурите на морето околу островот биле невообичаено високи оваа есен, што поттикнало формирање на силни бури.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната