Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен земјотрес од 7,1 степени ги погоди Филипините

Разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди филипинскиот остров.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Лаганхиланг, 335 километри северно од Манила.

Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека некои области се без електрична енергија и телефонски врски.

Потресот предизвика голема штета на една болница и повеќе згради. Многу куќи имаат оштетувања, а штети има и на патиштата.

Засега нема информации за евентуални жртви.

Можете да прочитате

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не се отвори Иран ќе биде целосно уништен

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта