Утрински Весник
Македонија

(Видео) Се утврдуваат причините за пожарот над Галичник

(Видео) Се утврдуваат причините за пожарот над Галичник

Полициска екипа врши увид и ги утврдува причините за пожарот кој избувна вчера над Галичник.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов го посети местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.

Тој соопшти дека пожарот е целосно изгаснат и им се заблагодари на сите кои учествуваа во гаснењето.

Пожарот изби над хотелот „Неда“ во Галичник, а зафатена беше борова шума.

Поради непристапниот терен и засилениот ветар, пожарот претставуваше потенцијална опасност за селото Галичник.

Можете да прочитате

Уапсен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки

Никола Бочваров квартет го објави албумот „Ентропија“

Полициска контрола во Скопје: Точеле алкохол на малолетници, приведена вработена во угостителски објект