Утрински Весник
Свет

(Видео) Се појави снимка од големиот одрон на карпи на плажа на Канарските Острови

(Видео) Се појави снимка од големиот одрон на карпи на плажа на Канарските Острови

Во саботата попладне се случи голем одрон на карпи на плажа на Канарските острови. Сето тоа се случило на островот Ла Гомера, кога големо парче од карпа покрај плажата се одрони и падна во морето.

Во тоа време, на плажата имало пет лица кои останале отсечени поради свлечиштето, а потоа биле спасени од шпанската спасувачка служба. Во свлечиштето никој не е повреден, а шпанските власти продолжија да бараат други лица кои можеби биле заробени или повредени.

Според „Ел Мундо“ единиците со кучиња не нашле никого под свлечиштето, па затоа е укината тревогата што траела додека се трагало по евентуално исчезнати лица.

Властите во моментов ја проверуваат стабилноста на карпата и размислуваат како да го исчистат она што се срушило на плажата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот