Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) СДСМ: Мицкоски ги запали социјалните мрежи со навреди, пцовки и примитивизам

(Видео) СДСМ: Мицкоски ги запали социјалните мрежи со навреди, пцовки и примитивизам
300x250 opst2

Политичкиот пироман Христијан Мицкоски, како да сака да ги запали и социјалните мрежи, ама со навреди, пцовки и недоличен примитивизам, обвини на денешната прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ.

„Со крајно непримерен речник, вулгарности, недолични коментари и пцовки, Христијан Мицкоски се скара со неговите поддржувачи и следбеници на ‘Фејсбук’“, посочи Васев приложувајќи слики од секциите наменети за коментари од социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Васев, ваквите реакции се должат на нервозата кај Христијан Мицкоски бидејќи знае дека му следува нов пораз на локалните избори.

„Сепак, вакво ниско ниво на јавна комуникација, ваков примитивизам не само што недоликува, туку е срамна и недозволива за било кој политичар, особено за претседател на политичка партија“, рече претставникот на СДСМ кој додаде дека прашање е како после толку реакции на социјалните мрежи Мицкоски не почувствувал потреба да ги повлече овие зборови и да се извини.

Можете да прочитате

ОЈО Битола вложи жалба за одлуката на судот двајца осомничени за јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во домашен притвор

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

Мојсоска: Домување за жртвите на семејно насилство е приоритет во програмата на Левица