Утрински Весник
Македонија

(Видео) СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат Законот за минимална плата

(Видео) СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат Законот за минимална плата

Денеска на собраниската седница на дневен ред се измените на Законот за минимална плата. Со овие измени минималната плата веќе за месец март ќе изнесува најмалку 18.000 денари и неа ќе ја добиваат околу 80.000 работници. Тоа е двојно повеќе отколку пред пет години кога таа изнесуваше 9.000 денари, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека со новото зголемување на минималната плата го вреднуваме трудот на работниците и го унапредуваме нивниот животен стандард.

Колева додаде дека како одговорни пратеници, продолжуваат да реализираат законски решенија кои се во интерес на граѓаните и економијата.

Таа ги повика сите пратеници да дадат поддршка на измените на Законот за минимална плата, за веќе од следниот месец, 80.000 наши сограѓани да добиваат повисока минимална плата од 18.000 денари.

Истовремено, Колева ги повика и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од блокадите на Законот за наставници со што за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе се обезбедат трајни вработувања и со тоа и повисоки плати.

Можете да прочитате

Полициска акција во зградата на МВР, се одзема документација

Приведен екс директорот на СОЗР – се вршат претреси во неговиот дом?

Неточна е тезата дека сообраќајката немало да се случи ако Васил добил затворска казна, смета Калајџиев