Утрински Весник
Свет

(Видео) Свлечиште проголта дел од село во Норвешка, 12 исчезнaти и 700 евакуирани

(Видео) Свлечиште проголта дел од село во Норвешка, 12 исчезнaти и 700 евакуирани

Најмалку десет лица беа повредени, а 12 исчезнаа во норвешкото село Гjердрум, оддалечено 25 километри од Осло, во свлечиште кое зафати неколку куќи.

Околу 700 жители беа евакуирани веднаш од селото, а едно лице е тешко повредено.

https://www.youtube.com/watch?v=tqFopQ8d8Pw

Премиерката Ерна Солберг рече дека ситуацијата е сè уште нестабилна и дека само хеликоптери можат да се приближат до местото.

„Ме боли да видам како силите на природата го опустошија Гjердрум. Моите мисли се со секој што е погоден од свлечиштето“, рече таа.

Клизиштето е предизвикано од обилни врнежи од дожд, а калта проголта неколку куќи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран порача до ЕУ доколку не можат сами, тие ќе им помогнат да го заштитат Гренланд

Две згради се урнаа утрово во Истанбул

Нетанјаху ја повика Европа во борбата против Иран