Утрински Весник
Македонија

(Видео) Сајкоски: Силата е во масовноста и единството на граѓаните

„Продолжуваме со протестите и денес низ цела Македонија и во Скопје. Ги блокираме патните правци Градско – Прилеп, патниот правец Велес – Штип, го блокираме и патниот правец Струмица – Радовиш и исто така во градот Скопје пред Владата е организиран исто едночасовен прекин на сообраќајот. Со тоа сакаме да укажеме дека цврсто стоиме на тоа дека овој француски предлог е лош. Овој француски предлог треба да биде отфрлен од страна на Владата. И овој француски предлог е само еден нов предизвик кон патот кон ЕУ што ни носи нови и нови препреки, кои што ќе траат можеби и повеќе децении“ порача денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека „укажуваме, таквиот француски предлог е само замка која што не носи добро ништо на евроинтегративните процеси на Република Македонија“.

„Изминатиов период, изминатите шест дена имавме протести во Скопје кои што навистина беа народни протести, протести поддржани од сите категории на граѓани, не само од ВМРО-ДПМНЕ. Денес продолживме и во цела Македонија по барање на граѓаните. Ние укажуваме дека Владата не треба да го прифати овој предлог. Но доколку го прифати францускиот предлог кој е лош, ние во Собрание нема да дозволиме да има уставни измени. Со тоа можеме да им укажеме на граѓаните дека ние нема да прифатиме уставни измени со 80 пратеници. А 80 пратеници во моментов ги нема владата“ рече Сајкоски.

Можете да прочитате

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+