Утрински Весник
Свет

(Видео) САД ѝ наредија на Кина да го затвори конзулатот во Хјустон во рок од 72 часа

(Видео) САД ѝ наредија на Кина да го затвори конзулатот во Хјустон во рок од 72 часа

САД побараа од Кина да ја затвори Канцеларијата за пасоши и визи во Генералниот конзулат на Кина во Хјустон, Тексас, информира главниот уредник на „Глобал тајмс“ цитиран од Ројтерс.

Кинеското МНР ја потврди информацијата, велејќи дека Вашингтон ненадејно на 21 јули го известил Пекинг да го затвори својот конзулат во Тексас. Според дневниот брифинг на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, Пекинг остро ја осудил одлуката и ги повикал САД да го повлечат овој потег, истовремено најавувајќи одмазднички мерки како одговор.

Кина во моментот има пет генерални конзулати во САД, вклучувајќи ги и оние во Њујорк, Чикаго, Сан Франциско и Лос Анџелес, како и Кинеската амбасада во Вашингтон.

Според локалната телевизија КПРЦ 2, која го цитирала полицискиот оддел Хјустон, полицијата и противпожарната служба претходно одговориле на повик за пожар што бил забележан во дворот на конзулатот. Извештаите посочуваат дека пожарот е резултат на документи што биле запалени во дворот на зградата.

Коментирајќи ги извештаите за палењето документи во дворот на конзулатот, Ванг Венбин рече дека канцеларијата на Хјустон работи „нормално“.

Развојот со конзултатот во Хјустон е провокација и игра на кој прв ќе се повлече во односите меѓу Кина и САД, вели д-р Ванг Јивеј, директор на Институтот за меѓународни работи и Центар за европски студии при универзитетот Ренмин во Пекинг.

„Трамп ја притиска Кина само да добие реизбор, да се оддалечи од неговите проблеми. Дури и тој не може да постигне таква цел. Можат да се случат и поопасните дејства, како што се прекин на дипломатските односи и воен конфликт, ако Кина покаже слабост. Трамп ја принудува Кина да направи жртви за неговиот реизбор со киднапирање на американските гласачи и американските сојузници “, додава професорот.

Подоцна, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, го коментираше овој потег велејќи дека затворањето на конзулатот е мотивирано од потребата да се заштитат американската интелектуална сопственост и приватните информации.

Во вторникот, Министерството за правда на САД соопшти дека двајца кинески официјални лица се обиделе да украдат истражување за вакцината за Ковид-19 преку наводни обиди за хакирање на голем број американски, британски и други меѓународни компании.

Кинескиот амбасадор во Велика Британија, Лиу Сјијаоми, ги отфрли овие неосновани тврдења како непочитување на кинеските научници и нивните достигнувања. Пекинг е една од водечките земји во своите обиди за истражување против коронавирус со својата втора национална вакцина произведена од „Синовак биотек“, што наскоро се очекува да влезе во последната фаза на тестирање кај луѓе.

Кинеско-американските односи се влошија за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп постојано го обвинуваше Пекинг за ширењето на вирусот . Американски официјални лица претходно изјавија дека размислуваат за разни опции за казнување на Кина за бројот на смртни случаи кои се резултат на пандемијата, вклучително и забрана за некои од најпопуларните платформи за социјални мрежи како што е Тикток. Сепак, според кинеското МНР, наредбата да се затвори конзулатот е прилично неочекувана.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25