Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Руски генерал на телевизија објаснува како да се окупираат балтичките земји: „Западот ќе се прашува што се случува“

(Видео) Руски генерал на телевизија објаснува како да се окупираат балтичките земји: „Западот ќе се прашува што се случува“
Img 7972

На крајот на минатата година, руската јавна телевизија емитувала емисија во која гостин бил поранешен висок офицер на руската армија кој објаснувал како може да се окупираат балтичките земји и дел од Шведска.

Емисијата се емитувала минатата година, но деновиве на ова видео потсети Антон Герашченко, советник на украинската влада, пренесува британски „Сан“.

„Шизофренците планираат да ги нападнат Шведска и балтичките земји. Очигледно им снемало апчиња поради санкциите“, напиша Герашенко на „Телеграм“ каде што го објави видеото. Сепак, треба да се нагласи дека се работи за постара снимка.

Балтичките земји, Естонија, Летонија и Литванија се членки на НАТО. Шведска е неутрална, но во последните години, поради страв од Русија, значително ги зголеми своите воени капацитети.

Сценариото за руска окупација на ТВ каналот „Росија 1“ го презентирал полковник Игор Коротченко, поранешен припадник на рускиот Генералштаб и воздухопловни сили, а моментално резервен офицер, пишува „Сан“.

„Вака би можело да изгледа сценариото за окупација на балтичките земји“, рече Коротченко, а потоа покажа на картата.

Тој понатака објасни дека руските сили ќе се истоварат на шведскиот остров Готланд, а потоа авиони ќе го донесат системот С-400.

„Веќе се испорачани, а никој ништо не гледа. Западот се прашува: Зошто не гледаме ништо? Што ни се случи со радарите“, го опишува Коротченко потенцијалниот настан.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови