Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Руска подморница првпат лансираше суперсонична крстосувачка ракета

(Видео) Руска подморница првпат лансираше суперсонична крстосувачка ракета
Img 7972

Русија денеска објави дека првпат од подморница успешно истрелала суперсонична крстосувачка ракета „циркон“, оружје што го пофали претседателот Владимир Путин како дел од новата генерација на системи.

Министерството за одбрана, кое во јули тестираше лансирање на проектилот „циркон“ од воен брод, објави дека сега таква ракета била истрелана од подморницата „Северодвинск“ распоредена во Баренцовото Море и дека проектилот ја погодил избраната цел.

Снимката со низок квалитет објавена од министерството покажува дека проектилот е испукан високо од подморница, а неговиот сјај го осветлува ноќното небо и површината на водата.

„Експерименталното стрелање со проектил ‘циркон’ од нуклеарна подморница беше успешно“, велат од министерството.

Некои западни експерти го доведуваат во прашање тоа колку е всушност напредна новата генерација оружје на Русија, имајќи предвид дека комбинацијата од брзина, маневрирање и надморска височина го отежнува следењето и пресретнувањето.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната