Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите тврдат дека во еден напад уништиле стотици американски гранати и убиле околу 100 луѓе

Руското Министерство за одбрана објави нов извештај за како што ја нарекуваат „специјална воена операција во Украина“.

dobivaj vesti na viber

„Високопрецизно копнено оружје погоди точка на привремено распоредување на артилериска единица на украинските вооружени сили и складиште за муниција на територијата на фабриката во градот Славјанск. Уништени се до 100 луѓе, повеќе од 1.000 артилериски гранати за американските хаубици М777 и околу 700 ракетни гранати за МЛРС Град“, тврди портпаролот на министерството.

Украинската армија утринава соопшти дека руските сили ги нападнале украинските позиции кај Славјанск, но дека биле принудени да се повлечат.

Можете да прочитате

Германски МНР: Руската агресија кон НАТО ќе продолжи и ако се постигне договор за Украина

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ