Утрински Весник
Свет

(Видео) Романците на протест против анти-ковид мерките, фрлаа камења на полицијата

(Видео) Романците на протест против анти-ковид мерките, фрлаа камења на полицијата

Романските граѓани излегоа на улиците синоќа во знак на протест против анти-епидемиските мерки.

Протестни митинзи беа одржани во Букурешт и најмалку уште 17 други места, а илјадници луѓе одговорија на повикот на новата ултранационалистичка партија наречена Алијанса за единство на Романците. Оваа партија има свои претставници и во парламентот, пишуваат тамошните медиуми.

Со транспаренти и слогани „медицински диктатори“ во Букурешт, демонстрантите се собраа пред зградата на владата и користеа пиротехника за да го изразат своето незадоволство. На истокот од земјата, камења и пиротехника биле фрлани кон полицајците.

После релативно тивок период во февруари, во Романија капацитетите на единиците за интензивна нега повторно се скоро целосно исполнети. На многу места е во сила забраната за напуштање на куќи и станови поради Ковид-19.

Во зависност од нивото на инциденца, можно е да се применат локално поблаги, но и построги мерки од оние утврдени на национално ниво.

Можете да прочитате

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци

Анкара подготви десет луксузни Togg лимузини за Самитот на НАТО