Утрински Весник
Свет

(Видео) Пукање во училиште во Колорадо: Шест тинејџери пренесени во болница, напаѓачите во бегство

(Видео) Пукање во училиште во Колорадо: Шест тинејџери пренесени во болница, напаѓачите во бегство

Шест ученици на возраст од 14 до 18 години се префрлени во болница по пукање во близина на средно училиште во градот Аурора во американската држава Колорадо. Шестата жртва на нападот сама се пријавила во здравствениот дом.

Од локалната полиција соопштија дека осомничениот е во бегство.

Шефот на полицијата на Аурора, Ванеса Вилсон, изјави дека сите жртви на пукањето се од училиштето во близина на паркот каде што се случило пукањето.

Една од нив морала да биде подложена на итна операција, но нејзините повреди не се опасни по живот.

Неколку чаури од различен калибар биле пронајдени од страна на инспекторите на местото на настанот и испукани од еден или повеќе автомобили кои возеле со голема брзина.

На прашањето на новинарите за начинот на кој е извршен нападот, Ванеса Вилсон рече дека истрагата штотуку започнала.

„Ќе ги испитаме сите можности“, додаде таа, повикувајќи ги сведоците да соработуваат за да ги пронајдат осомничените.

Можете да прочитате

Трамп, Путин и Шjи Џинпинг се ракуваа во Кина, утре историска средба

Две лица повредени во земјотрес во Романија, најсилен од 2018 година

Европа стравува дека Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина