Утрински Весник
Свет

(Видео) Протест во Софија поради ковид-сертификатите, демонстранти се обидоа да упаднат во парламентот

(Видео) Протест во Софија поради ковид-сертификатите, демонстранти се обидоа да упаднат во парламентот

Група демонстранти се обидоа да упаднат во бугарското Народно собранието, за време на протестите против воведувањето на ковид-сертификатите.

На протестите во организавија на партијата „Преродба“ дојде до судир со полицијата и има неколку повредени демонстранти и полицајци.

Полицискиот кордон поставен пред зградата на парламентот беше пробиен, пишуваат бугарските медиуми.

Демонстрантите тргнале кон влезот скандирајќи „Оставка“, тропале по прозорците и вратите и се обиделе да влезат во собраниската зграда.

Приведени се неколку лица.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати