Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести во Мадрид: Не лажат, не сакаме да носиме маски

(Видео) Протести во Мадрид: Не лажат, не сакаме да носиме маски

Два дена откако шпанската влада објави нови ограничувања, меѓу кои и затворање дискотеки и забрана за пушење таму кадешто е невозможно да се задржи растојание од два метри, стотици луѓе излегоа на улиците. Со извици за „Слобода“ стотици луѓе се собраа во Мадрид во неделата до протестираат против задолжителното носење маски и други ограничувања воведени за борба против коронавирусот.

Луѓето се собраа на плоштадот Колон во центарот на главниот град по повикот преку социјалните мрежи.

Демонстрантите носеле транспаренти на кои меѓу другото пишувало „Вирусот не постои“, „Маската убива“ и „Не се плашиме“.

Пилар Мартин, 58-годишна домаќинка од Сарагоса, изјави дека дошла во Мадрид на протест затоа што верува оти државите претеруваат со бројките на заразени за да ги намалат граѓанските права.

„Тие нè тераат да носиме маски, сакаат да нè заклучат. Ова се само лаги“, рече таа.

Бројни демонстранти не носеле маски, иако тоа е задолжително во Шпанија.

Носењето маски за прв пат беше воведено во почетокот на мај на јавниот превоз, но подоцна беше проширено во земјата во која бројот на починати се приближува до 29.000.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме