Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести во Белград -антиваксерите на улица, полицијата гаѓана со јајца

(Видео) Протести во Белград -антиваксерите на улица, полицијата гаѓана со јајца
300x250 (7)

Стотици граѓани протестираа низ улиците на Белград против вакцинацијата и ковид мерките извикувајќи навреди кон претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пренесуваат медиумите во регионот.

Според новинарските извештаи протестот против глобализацијата официјално заврши, но неколку десетици луѓе се уште се пред полицискиот кордон и протестираат, повикувајќи на „будење на христијанскиот дух“.

Ss1

Во еден момент, демонстрантите ја гаѓаа полицијата со јајца, пишуват медиумите.

Според полицијата, единствениот инцидент се случил кога учесниците запалиле факел и се обиделе да го нападнат кордонот.

Благодарение на полицијата, учесниците на протестот против ковид мерките и вакцините и демонстрантите од Парадата на гордост не се зближија во ниту еден момент, сведочат медиумите.

Се уште има полиција на улиците. Во текот на вечерта полицискиот кордон го посети и министерот за внатрешни работи Александар Вулин.

Специјалистот по гинекологија Борислав Антонијевиќ вечерва рече дека Министерството за здравство, како што тврди, нема одговори на прашањата дали ПЦР -тестовите се сигурни, дали вакцините против коронавирусот се безбедни и дали маските штитат од инфекција.

„Министерството рече дека не знае. Маските штитат од вируси како жичани мрежи од комарци “, рече Антонијевиќ на антиглобалистичкиот протест.

Протестот на антиваксерите наречен „Слобода или ништо“, кој започна на плоштадот Република, беше запрен половина час од полициски кордони и огради, кои беа отстранети околу 18:30 часот, по завршувањето на Парадата на гордоста.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум