Утрински Весник
Свет

(Видео) Пронајдени телата на уште девет рудари во рудникот во Кина

(Видео) Пронајдени телата на уште девет рудари во рудникот во Кина
Dik 300x250 mk

Бројот на жртви на несреќата во кинескиот рудник се зголеми на 10, бидејќи беа пронајдени мртви уште девет рудари, додека две недели по експлозијата, еден рудар сè уште се води како исчезнат, а 11 од нив се спасени, објави државната агенција „Ксинхуа“.

Во експлозија на 10 јануари во рудник за злато во провинцијата Шангдонг, на истокот од Кина, 22 рудари останаа заробени неколку стотици метри под земја.

Оттогаш, 10 рудари се пронајдени мртви, 11 беа спасени, а еден рудар сè уште се води како исчезнат, прецизира „Ксинхуа“.

https://www.youtube.com/watch?v=eNOQXmI3Qpc

Управата на рудникот е во притвор бидејќи чекале повеќе од 24 часа за да ја пријават несреќата, чија причина сè уште не е соопштена.

Зголемениот надзор ја подобри безбедноста во рударската индустрија во Кина, откако гинеа 5.000 луѓе годишно. Сепак, несреќите продолжуваат да се случуваат, па минатата година во две несреќи загинаа 39 рудари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим