Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска властите.
Жртвата е постар човек кој загинал кога покривoт од неговата куќа паднал врз него, пренесува Катимерини.
Во грчкото село Асос во Кефалонија, речиси ништо не останало недопрено.
Рекордни количини на дожд паднаа и во градот Хераклион на Крит, што доведе до затворање на мостовите.
Поголемиот дел од улиците во градот се поплавени, а речиси сите локали се под вода.
„Водата носи сè. Во овој момент не е безбедно да се биде надвор. Многу улици се непроодни поради дождовите“, сведочат локалните жители.
Претходно, вчера беше потврдена смртта на две лица, а уште две се водат за исчезнати.
Спасувачите добија стотици повици од жителите чии куќи и продавници беа поплавени.
Како што се наведува, ураганот ќе се одрази и на економијата, бидејќи голем број земјоделци останале без производи.
Ураганот Јанос го погоди западниот брег на Грција во петокот, соборувајќи дрвја и предизвикувајќи поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а во саботата стигна до централниот дел на земјата.