Утрински Весник
Свет

(Видео) Пристигна првата реакција на Кремљ за нападот на складиште за гориво во Русија

(Видео) Пристигна првата реакција на Кремљ за нападот на складиште за гориво во Русија

Од Кремљ пристигна првата реакција на утринскиот напад на складиште за гориво во рускиот град Белгород, недалеку од границата со Украина.

За потсетување, руската страна тврди дека нападот го извршиле два украински борбени хеликоптера.

Според „Ројтерс“, од Кремљ изјавиле дека нападот на складиштето за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори.

Портпаролот на Владимир Путин изјавил дека рускиот претседател бил информиран за инцидентот и дека Русија прави се што е можно за да го реорганизира синџирот на снабдување и да избегне нарушување на снабдувањето со гориво во градот, објави „Ројтерс“.

Русите објавија и снимка од магациниот за гориво во Белгород, по нападот.

Можете да прочитате

Масовни протести против Трамп – 24info.mk

17 лица загинаа во поплави во Авганистан

Дојче Веле: Европа размислува за испраќање мигранти во кампови на Западен Балкан