Утрински Весник
Свет

(Видео) Припадници на Азов во „Азовстал“: Ќе се бориме додека сме живи

Dik 300x250 mk

Припадниците на Азовскиот полк, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во разурнатиот Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција.

На јавноста преку Јутјуб и’ се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот, Илија Самоленко.

Паламар рече дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од Азовстал.

Поручникот Илја Самоленко рече: „Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да бидеш заробен за мене значи да бидеш мртов“.

„Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство“, додаде Самоленко.

Заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар рече дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи.

„Ќе продолжиме да се бориме додека живееме за да се спротивставиме на руските окупатори“, рече Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно не гранатираат“.

Можете да прочитате

Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги скршат врските со Русија

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини