Утрински Весник
Македонија

(Видео) Претседателката на Грузија дочекана со највисоки државни и воени почести

(Видео) Претседателката на Грузија дочекана со највисоки државни и воени почести

Претседателот, Стево Пендаровски, денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на земјата.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и пленарен состанок на официјалните делегации, по што ќе следува потпишување на Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи и Меморандум за соработка во областа на културата.

Претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека во фокусот на разговорите се билатералните односи меѓу двете земји и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19.

Можете да прочитате

Законот за Советот на јавните обвинители го помина првото читање на собраниските комисии

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра