Утрински Весник
Македонија

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков го пречека македонскиот колега Димитар Ковачевски кој ја предводи владината делегација.

Петков и бугарската влада се домаќини на Ковачевски и македонските министри, за заедничката седница во резиденцијата „Бојана“ која ќе почне утре изутрина и ќе трае до доцна вечерта.

Ковачевски и Петков ќе имаат воведно обраќање, а според програма, ќе се потпишат и неколку билатерални документи.

Според најавите, двете влади утре ќе разговараат за забрзување на изградбата на автопатот на Коридорот 8, за новиот граничен премин Клепало, составување на комисиите за економија и стопанска соработка, образование, култура, иновации…

Заедничката владина седница се одржува само една недела по официјалната посета на бугарскиот премиер Петков на Скопје.

Можете да прочитате

Грција испрати два канадери за гаснење на пожарот кај Дојран

Поради сообраќајна несреќа во целосен прекин сообраќајот Фариш-Велес

СДСМ: Целата јавност го осуди насилството над Арсовска, само Мицкоски го одобрува и ги поддржува насилниците