Утрински Весник
Магазин
Img 7972

(Видео) Прв трејлер за еротскиот трилер „Длабока вода“ со Бен Афлек и Ана де Армас

(Видео) Прв трејлер за еротскиот трилер „Длабока вода“ со Бен Афлек и Ана де Армас
300x250 opst2

Додека светот го славеше Денот на вљубените, „Хулу“ одлучи да објави сосема нов постер и тизер за нивниот претстоен психолошки трилер Deep Water („Длабока вода“) со Бен Афлек и Ана де Армас во главните улоги.

„Длабока вода“ е адаптација на истоимениот роман на Патриша Хајсмит од 1957 година. Приказната ги следи Вик и Мелинда Ван Ален, кои се во брак без љубов. Сакајќи да го избегнат грдиот процес на развод, парот склучува договор според кој Вик ѝ дозволува на Мелинда да има неколку афери додека се заедно.

Иако се чини како едноставна работа, Вик станува љубоморен и почнува да се бори за нејзината љубов. Сето ова ги наведува да играат опасни умствени игри еден со друг.

Можете да прочитате

Изложба на олдтајмери во Куманово по повод 11 Октомври

Проф. д-р Јове Кекеновски ќе ја претставува Македонија на Светскиот трофеј за хармоникаши во Франција

Денеска се празнува Светиот маченик Калистрат