Утрински Весник
Свет

(Видео) По повеќечасовни преговори, заврши заложничката драма во автобусот во Украина

(Видео) По повеќечасовни преговори, заврши заложничката драма во автобусот во Украина

Заложничката криза во градот Луцк, во западна Украина, е завршена по неколкучасовни преговори.

https://www.youtube.com/watch?v=9vlKrl6wIIU

Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, на Твитер објави слики од напаѓачот како лежи на земја. По неколкучасовни преговори полицијата влегла во автобусот.

Се наведува дека ниту еден од заложниците не е повреден.

Киднаперот веќе е осудуван за злосторства и има историја на ментални нарушувања, соопштија официјалните лица.

Тој бил осуден двапати и поминал 10 години во затвор. Причините за киднапирањето засега не се познати.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна зимска бура во САД

ЕУ итно добива нова членка ова лето?

Од сиромаштија до нарко-империја: Кој беше „Ел Менчо“, човекот што го држеше Мексико во страв