Утрински Весник
Свет

(Видео) Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ сосе купувачите

Dik 300x250 mk

Хаос избувна во продавница на Икеа во Шангај во саботата, откако клиентите почнаа да бегаат од властите кои се обидоа да ги стават во карантин.

dobivaj vesti na viber

Здравствените власти се обиделе да ја затворат продавницата откако клиент бил во близок контакт со лице кое било позитивно тестирано за ковид.

На видеата се гледа како обезбедувањето во еден момент се обидува да ја затвори вратата, но толпата од другата страна насилно ја отвора и бега.

Претходно оваа година Шангај беше во двомесечна блокада, а оттогаш, во градот со 20 милиони луѓе, поради строгата стратегија „нулта случаи на ковид“, наредено е итно заклучување на места каде што има позитивни случаи. Затоа, многумина беа заклучени на необични локации, вклучувајќи ресторани, спортски сали или канцеларии.

Ненадејното затворање на продавницата на Икеа беше наредено поради близок контакт на шестгодишно момче кое беше позитивно тестирано по враќањето од патување во Тибет, изјави заменик-директорот на здравствената комисија во Шангај, Жао Дандан.

Оние кои беа во Икеа и околните области мора да бидат изолирани два дена, по што ќе бидат следени пет дена, објасни Жао.

До недела беа откриени речиси 400 блиски контакти на шестгодишното момче, кое е асимптоматично, а на дури 80.000 луѓе им беше наредено да одат на тестирање.

Кина се придржува до својот пристап за „нула случаи на ковид“ за да се спречи ширењето на коронавирусот, и покрај фактот што таквиот пристап има големо влијание врз економијата, а јавноста се повеќе се противи на тоа, пишува Би-би-си.

Сцените на паника во Икеа следеа по објавувањето на видеото минатата недела на кое се прикажуваат луѓе во друг дел на Шангај како излегуваат од зградата поради шпекулациите за абнормален резултат од тестот за ковид.

Заклучувањето ширум Шангај претходно оваа година доведе до широко распространети извештаи за недостиг на храна и лоши услови за живеење во карантинските центри.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети