Утрински Весник
Македонија

(Видео) Попов: Власта на СДСМ и ДУИ освен лаги немаат ништо друго понудено на младите

Dik 300x250 mk

Денес е меѓународниот ден на млади, иако мојата прва намера беше да го честитам овој ден во мое име и во име на УМС, но во последните години владеење на СДСМ и ДУИ освен ветувања и лаги немаат ништо друго понудено на младите, изјави на денешната прес-конференција Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека во последните години и покрај несреќните изјави дека учениците, студентите и младите се приоритет за нив, можеме да го видиме само спротивното. Ветуваа студентски градови, а од сликите кои стигаат до нас од студентите може да видиме дека шајка немаат заковано во веќе постоечките студентски домови.

Попов истакна дека власта ветувала поквалитетно образование, а во последните години освен слободен пад на ранг листите на државниот универзитет ништо се нема променето.

Ветуваа младинска гаранција, а се почесто гледаме дека патот од клупите и амфитеатрите до работните места е невозможна мисија. Оставаа чевли, манипулираа со чувствата, ветуваат бројчаници, а реалната слика е дека секој ден некој млад човек го пакува целиот свој живот во два куфери и си заминува од Македонија.

Доста е веќе лажење и манипулирање, иако тоа ви е модус операнди. Младите познаваат кој им е партнер во борбата за подобро утре и на следните избори вашата безидејност ќе биде жестоко поразена, изјави Попов.

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг