Утрински Весник
Свет

(Видео) Поплави во Москва, вода на улиците до колена

(Видео) Поплави во Москва, вода на улиците до колена

Москва и московскиот регион беа погодени од пороен дожд, што го отежна сообраќајот, како во центарот на градот, така и во околните градови, јавува ТВ Звезда.

Корисниците на социјалните мрежи објавуваат видеа од Москва на кои се прикажани поплавени патишта, автомобили кои пливаат во вода и граѓани кои се обидуваат да се пробијат до своите домови газејќи низ вода до колена.

Жителите на Москва предупредуваат дека неколку улици во градот се претвориле во реки, што го отежнува сообраќајот, додека двете метро станици сега се „водопади“.

Текстот (Видео) Поплави во Москва, вода на улиците до колена е превземен од МАКФАКС.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

Се откачи кабина од жичарница близу Неапол – четворица загинати

Драма во Германија: Млад маж избол купувачи пред познат супермаркет